Американката пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, го следи примерот на својата колешка, Дуа Липа, која е британската пејачка со албанско потекло, и тврди дека македонскиот ајвар е албански специјалитет.
Реџа на својот Инстаграм профил објави видео на кое мачка парче леб со ајвар и коментира дека станува збор за „албански специјалитет што сите го сакаат“, кој „добро оди со јајца“.
Притоа на видеото јасно се гледа дека на теглата пишува „македонски ајвар“.