Манекeнката и модел Емилија Розман, деновиве актуелна по својот експресен развод на бракот кој го склучи пред само два месеци, продолжи да го живее својот живот.
По разводот често се дружи со своите пријатели, а често ја гледаме во друштво на пејачот Андреј од дуото ДНК.
Пред само една недела Розман на социјалните мрежи објави фотографија со него, под која напипша „За нови почетоци, свеж старт, животот оди“.
Што се крие под ваквиот опис, и за каков нов почеток станува збор се уште не знаеме, меѓутоа Розман и Андреј и вчера повторно беа на заедничка вечера, а на објавената фотографија пишуваше „најсилни заедно“.
Инаку Розман досега се појави во видео-записот „Ромео и Јулија“ на ДНК, каде беше гола и покриена со пари.