петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По разводот со сопругата, Даниел Кајмакоски ја напушти Македонија

По разводот со сопругата, Даниел Кајмакоски ја напушти Македонија

Поп-пејачот Даниел Кајмаковски (35), победник на првата сезона на шоуто на таленти „Икс -Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015-та година во Виена, повторно се врати во овој град.

Деновиве Кајмакоски објавил на социјалните мрежи фотографии од Виена, каде живееше долги години пред да почне да се занимава со музика. Поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во Виена.

„Време со семејството“, напиша пејачот во описот на една фотографија.

Пред околу еден месец Кајмакоски обелодени дека се разведува од неговата сопруга Кристина Димитријевска, со која го има синот Давид.

Кајмакоски во изминатиот период повторно се активира на музичко поле, а има доста настапи во регионот.

Најнови вести