среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По шпекулациите дека не сака деца со неа, Пике ѝ задава нов удар на Клара Чиа Марти? Еве зошто нема да оди со него во Мајами

По шпекулациите дека не сака деца со неа, Пике ѝ задава нов удар на Клара Чиа Марти? Еве зошто нема да оди со него во Мајами

Колумбиската пејачка Шакира неодамна се пресели во луксузна вила во Мајами со синовите Саша и Милан. Таа конечно може да се одмори откако беше под очите на јавноста речиси една година, по разделбата со фудбалерот Жерар Пике.

Двојката се раздели откако фудбалерот ја изневери поп-пејачката со неговата нова партнерка Клара Чиа. По раскинувањето, Шакира долго време се подготвуваше да оди во Мајами со своите деца.

И конечно дојде тој момент. Шакира детално го уредила својот нов дом пред да се пресели во Америка, а сега е време да се опушти и да ужива во друштво на своите синови.

Поминаа две недели од почетокот на април, кога Шакира пристигна во САД. Нејзините деца почнаа да одат на училиште и тоа во едно од најдобрите и најексклузивните на Флорида.

Претходните денови Шакира беше фотографирана како се забавува на натпревар со Саша и Милан. Но, се чини дека немаат многу време за уживање, бидејќи Пике наскоро доаѓа да ги посети.

Според договорот, тој има 10 дена секој месец да ги помине со децата.

Пике нема да дојде со Клара Чиа, а тоа го побарала Шакира.

„Се очекува средбата во Мајами да биде тензична“, им потврдија адвокатите на Пике на новинарите.

Освен тоа, според „Ванитатис“, Шакира и Пике се скарале пред патувањето во Мајами, бидејќи поранешниот фудбалер бил лут што Колумбијката решила да замине порано од претходно договореното.

Најнови вести