Македонскиот претставник оваа година на Евровизија, Васил Гарванлиев, поради неодамнешните случувања стана тема и на петиции на Фејсбук.
По бурните реакции на јавноста за видео спотот во кој нема македонско знаме, но има симбол на бугарското, тимот на Васил одлучи да го отстрани тој дел од видео записот.
Потоа, во едно интервју, Васил со голема среќа на лицето се пофали дека има и бугарско државјанство.
Толку, пишете му крст ❌ pic.twitter.com/jPGGkUVpfA
— p|ps 👌 (@m0rban) March 14, 2021
За сите реакции поврзани со него во изминатиов период, за скандалите и изјавите, како и за неговиот живот чии делови гласно се коментираат, Васил сега со подолго видео обраќање се огласи преку социјалните мрежи.
Слушнете што има да каже: