Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард, којшто го доби и со кој, според многумина, актерот почна да си ја враќа кариерата во нормала.
Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција.
Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.
Мајвен и ќе го режира филмот.
Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго. (МИА)