Пејачката Кристина Ковач одговараше на прашања на нејзините следбеници преку платформата Инстаграм.
Едно од најтешките прашања било како ја преживеала загубата на нејзините татко и мајка.
-Многу тешко. Плачев по мама секој ден, се додека душата ми го бараше тоа. Со тато беше поинаку, но исто толку тажно. Солзите некако замрзнаа во страшните и стресни околности во кои го испративме, многу ми беше тешко сите заедно и тагата некако само ми се заглави во душата. Но, кога ја пуштам музиката на татко ми, тагата се топи и истекува како река. Ги сакам моите родители бескрајно, без идеализирање, ги сакам такви какви што биле, со доблести и маани, напишала Кристина.