Во шок сум, сè уште не можам да верувам во тоа што го слушнав, кратко изјавил Владимир Петровиќ, попознат како Боба од „Жикина династија“, по смртта на актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во истата серија.
Кадриќ почина ненадејно синоќа на 57-годишна возраст во Атина, каде живееше во последните години од нејзиниот живот.
Таа беше најпозната по улогата на Марија во „Жикина Династија“, каде заедно со Боба беа еден од најомилените парови во поранешна Југославија.