вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

По смртта на младата актерка, се огласи нејзиниот сопруг: Неговите зборови можат да “скршат“ срце

По смртта на младата актерка, се огласи нејзиниот сопруг: Неговите зборови можат да “скршат“ срце

Сопругот на младата актерка Марија Стеваниќ, која ненадејно почина пред неколку дена, се прости од неа и расплака многумина.

Бранислав, со кого Марија има син, скршен од болката од трагичната загуба на сопругата, на својот Фејсбук профил објави потресни зборови заедно со заеднички фотографии.

“Извини љубов моја, овој пат не успеав да стигнам на време. Не си родена за овој свет. Тој не те заслужи”, напиша тој покрај заедничките фотографии.

Сопругот ѝ посвети и видео составено од нивните фотографии и напиша:

„Те сакав како никој досега и ќе те сакам засекогаш! Марија, мака моја“ – напиша тој.

На погребот на оваа млада актерка присуствуваа голем број луѓе од Параќин, а некои се простија од неа со потресни зборови:

-Комшике, не требаше вака! Нека те чуваат ангелите, се надевам дека „некаде“ ќе го најдеш мирот и спокојството што за жал ги немаше на овој свет, се прости сосетката од младата Марија.

„Почина нашата актерка, уметник, сликар, мајстор за тетоважи, танчерка, мајка на две прекрасни деца, Марија Стеваниќ“ – се простија сите на социјалните мрежи кои имаат само пофални зборови за оваа девојка.

Марија беше погребана во понеделникот на градските гробишта во Параќин во присуство на голем број луѓе, семејството и пријателите.

Најнови вести