Актерката Оливија Њутн Џон почина на 8 август, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот сопруг.
Синди Џесап, поранешна дадилка, поради која актерката во 1994 година беше напуштена од тогашниот сопруг, се прости од Оливија, која пак, никогаш не ја наведе како причина за разделувањето.
-Светот загуби вистински ангел. Оливија вистински се грижеше за луѓето и планетата. Имаше неверојатна добрина во себе и секогаш им помагаше на другите, изјавил Синди.
Синди била љубовница на Мет Латанзи, а во моментот кога ја чувала ќерката на Оливија и Мет имала 23 години. Кога ќерката Клои имала седум години, Синди се преселила во нивниот дом во Австралија.
Парот четири години подоцна се венчал тајно, но нивниот брак не траел долго. Синди денес е мажена, живее во Калифорнија.