По трагичната смрт на принцезата Дијана, многумина не можеа да ја поднесат новата сопруга на принцот Чарлс, Камила Паркер Боулс. Сепак, кралскиот фотограф Артур Едвардс сега тврди дека Камила, војвотката од Корнвол, е пољубезна и многу попристапна од покојната принцеза од Велс.
-Дијана е мртва 25 години, па полека паѓа во заборав кај луѓето и тие сега ја засакаа и прифатија Камила. И знаете што? Камила е пољубезна од Дијана, со неа е полесно. Дијана знаела ќесто да е нерасположена и во тоа време не разговарала со сопствената мајка, но и со Сара Фергусон поради смешни кавги. Тоа нема да го доживеете од Камила, изјави Артур за списанието Stellar.
Да потсетиме, Камила пред неколку месеци ја посети украинската заедница во Велика Британија, кога не можеше да ги сокрие солзите за време на целата посета што ја забележаа камерите. Имено, принцот Чарлс и Камила сакале да ја изразат својата поддршка за Украина, па ја посетиле нивната заедница во Велика Британија.
„Се молиме за вас“, рече кусо војвотката од Корнвол, добивајќи дополнителни симпатии и поддршка од јавноста.
Чарлс и Камила се венчаа на 9-ти април 2005 година во замокот Виндзор, откако кралицата Елизабета му дозволи на нејзиниот син да има врска со Камила и ја намали контроверзноста околу нивната врска.
Војвотката од Корнвол никогаш не била популарна во јавноста поради улогата во врската меѓу принцот Чарлс и покојната принцеза Дијана, но се чини дека тоа се променило со текот на годините, а многумина шпекулираат дека таа би можела да биде новата кралица.