Старлетата Ана Кораќ се породила и на свет донела машко дете, јавуваат српските медиуми.
Како што се наведува, таа се породила со царски рез во една приватна клиника, а со бебето е сместена во посебен луксузен апартман.
Откако објави дека е бремена, Ана се повлече од јавноста и ги изгасна профилите на социјалните мрежи.
Неодамна таа повторно ги активираше профилите и објави фотографии на кои позира во деветиот месец од бременоста.
-Да се биде во благословена состојба е нешто најубаво што жената може да го почувствува. Наскоро ќе станам мајка и едвај чекам синот да го земам во прегратка. Мојот живот потполно се промени. Посветена сум на семејството, а се е подготвено за доаѓање на бебето, вели Кораќ.
Таа изјавила дека отворила фирма за маркетинг и има тим со кој во иднина ќе работи на сериозни кампањи.