Едита Арадиновиќ на аеродром ја пречекаа српските медиуми, а таа призна дека е во контакт со нејзината сестра Индира Арадиновиќ Инди и во каква врска се сега.
-Во нормални односи сме. Сè е навистина во ред. Немавме среќа што помина незабележано, видеото беше заборавено по три дена бидејќи во „Задруга“ се случуваат многу поважни работи. Мама не искара, се пошегува таа и го коментираше соседот кој го снимал немилиот настан.
-Уште не сум го видела, не знам како изгледа, би сакала да го видам, љубопитна сум. Зошто некој помислил да го направи тоа и дали му требаат пари? Можеби не ни знаеше кои сме. Ништо не ми е јасно, знам дека од тој ден му се затворени завесите, можеби се срами, изјави Едита.
Да потсетиме, непознат сосед го снимаше и објави во медиумите видеото од бруталната тепачка меѓу две сестри.