вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По вознемирувачкиот филм за Мајкл Џексон, радиостаниците вака го казнија кралот на поп музиката

По вознемирувачкиот филм за Мајкл Џексон, радиостаниците вака го казнија кралот на поп музиката

Откако излезе новиот документарен филм “Leaving Neverland” во кој се зборува за Џејмс Сафешук и Вејд Робсон кои Мајкл Џексон наводно сексуално ги злоставувал кога имале 10 и 7 години, некои радиостаници одлучија да ги бојкотираат песните на кралот на поп музиката.

Три радиостаници во Канада одлучиле да престанат да ги емитуваат хитовите на Џексон, а Кристин Дикаир од радиостаницата “Cogeca” изјавила дека оваа одлука е донесена врз основа на желбите на слушателите, пренесува “Lad Bible”.

Истата одлука ја донеле и радиостаниците во Нов Зеланд. Сите радиостаници во сопственост на “MediaWorks” и “New Zealand Media Entertainment” престанале да ги пуштаат песните како што се “Billie Jean”, “Beat It”, “Thriller” и многу други.

“Ние не одлучуваме за тоа дали Мајкл Џексон е виновен за педофилија или не, само сакаме нашите слушатели да ја слушаат онаа музика која навистина сакаат да ја слушнат”, вели Леон Врат од “MediaWorks”.

Смртта на Џексон остави многу неодговорени прашања, па дури и откако авторите на документарецот повторно ја оживеаја оваа приказна, многумина и понатаму не веруваат дека Мајкл го направил сето она за кое што го обвинуваат.

Сепак, факт е дека тогаш 34-годишниот Џексон спиел повеќе од 30 последователни ноќи во ист кревет со 13-годишниот Џорди Чендлер, и тоа во неговата куќа каде што во тоа време живеела и мајката на Чендлер. Тој спиел со него во истиот кревет и во куќата на неговиот татко бидејќи неговите родители биле разведени.

Најнови вести