Поранешниот уредник на Алсат-М и пратенек на СДСМ Мухамед Заќири синоќа се ожени по втор пат со неговата колешка Бисера Јордановска, пишуваат албанските медиуми во Македонија.
Тој со неговата избраничка биле долго време во врска, а вчера врската ја крунисаа со брак.
Инаку, на свадбената церемонија имаше доста познати личности, а меѓу нив беше и премиерот Зоран Заев.
Заќири претходно беше во брак од кој има и две деца.