Победничката на реалното шоу „Задруга 1“ Кија Коцкар очигледно се уште се навикнува на фактот дека е јавна личност во регионот, особено во Србија, па така заборава дека папараците ја следат на сите страни.
Токму заради тоа таа се најде во незгодна ситуација откако камерата на емисијата „Папарацо Лов“ ја улови Коцкар како пребарува во контејнери.
Имено во најавата за емисијата се гледа дека пејачката излегува од својот автомобил и претура во контејнерот со што лесно може да се заклучи дека нешто по грешка фрлила.
Во целата емисија продукцијата најавува и што точно пребарувала таа во контејнерите, а се до нејзино емитување останува времето да покаже што навистина скапоцено фрлила Кија по грешка.