среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина актерката Ненси, позната по славни улоги: Семејството не ја открива причината за смртта

Почина актерката Ненси, позната по славни улоги: Семејството не ја открива причината за смртта

Актерката Ненси Франџионе почина на 70-годишна возраст. Таа починала на 18-ти август во нејзиниот роден град, во близина на Манчестер, пишува Њујорк пост.

Нејзиното семејство не ја соопшти причината за смртта на актерката, поради што јавноста е во шок. Актерката е најпозната по улогата во филмот „Сите мои деца“, каде го толкуваше ликот на Тара Мартин, како и по улогата на Сесил во сапуницата „Друг свет“.

Инаку, таа е родена во Манчестер, а по завршувањето на средното образование ја доби улогата на Тара Мартин во серијата „Сите мои деца“ која ја прослави.

Франџионе беше најпозната по нејзината улога на измамничката негативка Сесил Депулилак во „Другиот свет“, која ја играше од јуни 1981 до ноември 1984 година, освојувајќи ја првата награда за сапунска опера за исклучителен негативец во 1984 година.

Најнови вести