петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина актерот од „Есмералда“, славната Летиција со емотивна објава по неговата смрт (ФОТО)

Почина актерот од „Есмералда“, славната Летиција со емотивна објава по неговата смрт (ФОТО)

На 98-годишна возраст починал мексиканскиот актер Игнасио Лопез Тарсо, кој на нашите простори е најпознат по улогата на Мелесио во серијата „Есмералда“.

Актерката Летиција Калдерон, која ја глумеше Есмералда, се простила од него на својот профил на својот Инстаграм профил.

„Небесата добија голема ѕвезда. Изгубивме одличен актер, маж, партнер, татко, дедо, пријател. Секогаш ќе се сеќавам како разговаравме и се смеевме со часови. Мојот Мелесио. Многу ќе ми недостига”, напишала Летиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lety Calderón (@letycalderon79)

Во својата 70-годишна кариера Игансио одиграл многубројни улоги, одреден период бил и член на Конгресот, а од него се простила и мексиканската министерка за култура Алехандра Фраусто, која истакнала дека оставил неизбришлива трага во својата земја.

Омилениот мексикански актер до крајот на животот беше активен во театарот и филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RetroSpace Mx (@retrospacemx)

Најнови вести