петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина Филис Коутс, позната како „првата Лоис Лејн“

Почина Филис Коутс, позната како „првата Лоис Лејн“

Американската глумица Филис Коутс, можеби најпозната како „првата Лоис Лејн“, почина на 96 години.

Актерката родена како Џипси Ен Евартс Стел го глумеше ликот на Лоис – партнерката на Џорџ Ривс во црно-белата ТВ-серија „Авантурите на Супермен“ и неколку „Супермен“ продолженија.

Лора Прес, нејзината ќерка, потврди за Холивуд Репортер дека нејзината мајка починала на 11 октомври од природна смрт во Вудленд Хилс, населба во Лос Анџелес.

Коутс зад себе има 145 филмски и ТВ-улоги.

Најнови вести