понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина италијанската актерка Џина Лолобриџида

Почина италијанската актерка Џина Лолобриџида

Италијанската актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, објави денеска новинската агенција ANSA.

Лолобриџида се прослави во педесеттите години на минатиот век како медитерански секс симбол, а по повлекувањето од светот на филмот стана фотограф и скулптор. Многумина ја нарекуваа најубавата жена на светот.

Во раните осумдесетти, таа се посвети на фотографијата и скулптурата.

Родена на 4 јули 1927 година во скромно семејство во малото село Субијако, во планинскиот регион Абруцо во централна Италија.По завршувањето на војната, во која семејството се преселило во малите градови околу Рим за подобро да го издржи општата глад и сиромаштија, Џина решила да го продолжи своето образование. Избрала скромна стипендија и се запишала на Академијата за ликовни уметности во Рим во 1945 година, а се занимавала и со манекенство.

Во 1947 година, таа влегла во натпреварот за Мис Италија, каде што го освоила третото место. После тоа, таа веднаш почнала да добива филмски улоги. Лолобриџида играше со најголемите светски актери, од Франк Синатра, Шон Конери, Марчело Мастројани до Хемфри Богарт.

По успешната кариера во Холивуд, таа се вратила во Италија и само повремено се појавува на филм и телевизија. Ла Лоло потоа се враќа на своите први уметнички љубови, фотографијата и скулптурата, на кои целосно им се посветила во раните осумдесетти.

Најнови вести