Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години. На легендарната пејачка во 2010 година и беше дијагностициран рак на панкреас, а лани објави дека се пензионира од музиката.
Родена во 1942 година, Френклин ја освои титулата „Кралица на соул музиката” за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”