Пејачката Мерима Његомир после краткото боледување почина вчера на 20 ноември баш на роденденот на нејзиниот покоен колега Тома Здравковиќ.
Мерима ја загуби битката со ракот на 68 годишна возраст, а многу колеги се простуваат од неа со спомени кои ги доживеале заедно во минатото.
Пејачката почина на датумот кога е роден легендарниот југословенски пејач Здравковиќ со кого таа имала незаборавни спомени.
-Тој беше добар човек, ги сакаше луѓето, но не знам колку го сакаше животот, го трошеше немилосрдно, изјавила пејачката во една своја прилика.
Таа додала дека Тома не водел сметка за своето здравје.
-Сите го предупредувавме да не пие, дека мора да спие, он на сето тоа ќе каже: „Ма нема врска тоа“, во смисла додека траам ќе траам. Тој сепак и ден денес е со нас, толку многу се слуша како да е жив, додаде во минатото неговата колешка Мерима.