Почина партнерот на актерката Сандра Булок, кој тајно се бореше со болест на моторните неврони (АЛС). Брајан Рандал (57) три години тајно се борел со неизлечива, смртоносна болест.
Двојката се запознала во 2015 година, кога Брајан го фотографирал роденденот на посвоениот син на Сандра. Неколку месеци подоцна тие беа неразделни и дојдоа заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.
Сандра и Брајан беа заедно осум години и немаа деца, иако заедно ги одгледаа посвоениот син на Сандра Луис (13) и ќерката Лејла (11). Брајан од претходната врска ја имаше ќерката Скајлар, која веќе е порасната.
Иако не открива премногу детали од нивниот живот, Сандра во 2021 година во ретко интервју изјави дека Брајан е љубовта на нејзиниот живот.
-Поминав низ развод, а сега ја најдов љубовта на мојот живот. Заедно одгледуваме три прекрасни деца… И тоа е најдоброто нешто на светот, изјавила тогаш актерката.
Болеста на моторните неврони или амиотрофичната латерална склероза (АЛС) е неизлечива и фатална, а пациентите имаат животен век од две до пет години по дијагнозата. Ја нарекуваат и болест Лу Гериг, по познатиот американски бејзбол играч кој починал од неа во 1939 година, кога имал само 36 години.