Основачот на хеви метал групата „Слипнот“, Џоии Џордисон, почина на 47-годишна возраст.
Семејството на славниот тапанар ја објави тажната вест. Џои починал мирно, во сон, а точната причина за смртта сè уште не е позната.
Џордисон е еден од членовите на првата постава на „Слипнот“, кој го основа бендот во 1995 година заедно со Шон Крахан и басистот Пол Греј.
Тој ја напушти групата во 2013 година, а во 2018 година, во едно интервју, откри дека му е дијагностициран акутен попречен миелитис – воспаление на сивите и белите маси на ‘рбетниот мозок.