среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина познатиот моден дизајнер Ренато Балестра

Почина познатиот моден дизајнер Ренато Балестра

Дизајнерот Ренато Балестра, доајенот на италијанската мода, почина во својот дом во Рим на 99-годишна возраст.

Како што пренесува РТС, Балестра го отворил своето прво модно ателје во Рим во 1959 година, откако го завршил своето чиракување кај Венециани и работел за Емилио Шуберт, Марија Антонели и Сореле Фонтана.

Роден во семејство на архитекти и инженери, тој се истакнуваше со уникатен уметнички дух и често беше опишуван како „моден сликар“.

Познат по комбинирање на ткаенини со проѕирни материјали, шарени везови и шик креации, неговото презиме се поврзува и со посебна боја – Balestra Blue.

Неговата страст за филмот и театарската уметност го навела да дизајнира креации за Ава Гарднер во филмовите „Босоногата Контеса“ и „Сонцето повторно изгрева“, Џина Лолобриџида во „Најубавата жена на светот“, Софија Лорен во „Среќата да се биде жена“, Кендис Берген. во Авантуристите…

Најнови вести