Вирџил Абло, уметничкиот директор одговорен за машките колекции на модната куќа „Луј Витон“, почина на 41-годишна возраст.
Веста за неговата смрт на Твитер ја објави компанијата сопственик на брендот – „ЛМВХ“.
– Сите сме шокирани од оваа страшна вест. Вирџил не само што беше брилијантен дизајнер и визионер, тој беше човек со прекрасна душа и огромно знаење!, рече директорот на „ЛМВХ“, Бернард Арно.
Во соопштението се вели дека Абло се борел со рак последниве неколку години.