Откако се отворија градинките, многу родители се одлучија своите деца повеќе да не ги чуваат дома. Полека, но сигурно повторно се враќаат на рутината, а помеѓу оваа група на родители беше и политичарот Антонио Милошоски, кој оваа вест ја сподели на својот Фејсбук профил.
„Почнуваме во градинка. За почеток насмеани. Дариа и Михаела во градинката “Гонџа” (Карпош), заедно со другарките ќе ги учат првите букви, песнички, но и тоа дека треба да го почитуваат авторитетот на учитеlките. Со среќа куклички!“ – напиша Милошоски покрај фотографијата од своите ќеркички.