недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Под елката подарок од 1000 долари: За Лила Новата година почна скапо (ФОТО)

Под елката подарок од 1000 долари: За Лила Новата година почна скапо (ФОТО)

Како што е редот, нашата популарна ТВ водителка Лила Филиповска за Новата година блесна во полн сјај.

Најлудата ноќ во годината според некое непишано правило не може да почне, а ниту да заврши без социјалните мрежи, кои за Лила, а и за многумина останати се за добро утро и за добра вечер.

Пред да ја испрати старата, а за да ја дочека Новата година, Лила најпрвин го подготви домот, па реши да си даде време за себе и секако со новина да ја почне годината.

Традицијата вели дека за Нова година треба да носиме нешто ново, а Лила не остави ништо на случајности.

Кога е редот да се поднови, за штедење не се ни размислува.

Лила е голем вљубеник во модата, па затоа реши да се почести со нов чифт сандали на платформа од модниот бренд Гучи кои чинат околу 1000 долари.

Со нови луксузни потпетици на себе, популарната водителка помина луда и незаборавна ноќ во која секако не заборави да се пофали и на Инстаграм.

Најнови вести