Британските принцови Вилијам и Хари зaeднo ја открија статуата на покојната принцеза Дaјана. Свеченоста на откривањето на статуата се одржа во реновираната градина на палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дaјана.
Под статуата на принцезата се врежани стихови на песната „The Measure of a Man“, која беше дел од спомен обележјето на покојната Дајана во 2007 година, пишуваат странските медиуми.
-Ова е мерка за вредноста на жената како жена, без оглед на нејзиното раѓање. Не е важно каде живеела, туку дали имала срце и како ја играла улогата што Бог ја има наменето за неа, стои под статуата.
Овие стихови обично се читаат на погреби во чест на сеќавањето на лицето кое починало.
Инаку, градината на Кенсингтон било едно од омилените места на принцезата Дaјана.