Манекенката Изабел Гулар со провокативни фотографии, но и видео, ја „подигна температурата“ на Инстаграм по повод претстојниот карневал во Рио де Жанеиро.
Карневалот во Рио традиционално се одржува секоја година кон крајот на февруари. Оваа манифестација обединува луѓе од целиот свет, а посетителите на истата имаат прилика 8 дена да уживаат во индивидуалните и групни настапи на танчарите на улиците на овој град.
Во врска со тоа, манекенката Изабел Гулар ја искористила приликата на уникатен начин да ги потсети луѓето на почетокот на карневалот, и објавила неколку провокативни фотографии, но и видео на Инстаграм.
„Подготвени за карневал“, напишала Гулар во описот на објавата.