Српската јавност и естрада денеска е во тага откако дознаа дека нивниот пејач на народни песни Добривоје Топаловиќ починал.
Тој починал денеска на 75 годишна возраст по тешката болест, а колегите денеска се опростуваат од него на најразличен начин.
Фолк легендата Лепа Лукиќ преку изјава за српските медиуми вели дека тој бил болен и дека и е многу жал.
-Леле сонце мое, што ми го зема Бог. Не знам дали бил болен…,вели Лепа.
Таа додава дека тие двајца биле добри колеги во минатото.
-Скоро во исто време почнавме да пееме, не сум го видела долго, нигде не излегуваше. Беше сигурно болен, вели Лукиќ.
Таа низ солзи за српските медиуми изјавила да подготвуваат марамчиња бидејќи ќе плаче од тага овие денови.