недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Подобро ќе беше да ми се случеше мене“: Мајкл прозборе за борбата на малото синче со рак на црниот дроб

„Подобро ќе беше да ми се случеше мене“: Мајкл прозборе за борбата на малото синче со рак на црниот дроб

Мајкл Бубле полека, полека се враќа на музичката сцена откако се повлече од неа по дијагностицирањето на неговиот син со рак на црниот дроб. Сега, кога 4-годишниот Ноа ја победи страшната болест, тој се враќа на својата кариера.

Во интервју за „Today Show“, 43-годишниот пејач објаснил дека со сопругата Луисана Лопилато минале низ најлошото нешто како родители.

„Ужасно е и сè уште е ужасно. Она низ што поминавме е најлошото нешто низ кое можете да поминете како родител и веројатно како човечко суштество.“

„Подобро ќе беше да ми се случеше мене“ – рекол тој.

Бубле додал дека на моменти со Луисана се бореле „за да преживеат и да дишат“ откако на малото момче му била поставена ужасната дијагноза.

Пред неколку месеци, во интервју за австралискиот весник Herald Sun, Бубле изјави.

„Бев во пеколот. Не зборувам за целата сторија, дури ниту со моите пријатели, затоа што боли премногу. Тој е суперхерој, не треба да го преживува истото повторно. Но, јас бев во пеколот. И знаете што, пеколот изгледа како навистина добро место за одмор во споредба со она каде што бевме ние.“

„Навистина мислев дека никогаш нема да ѝ се вратам на музиката. Семејството е она што е важно. Здравјето на моите деца е на прво место. Односите со моето семејство, со мојата сопруга, мојата вера – сето тоа со леснотија кажувам дека е на прво место… Рак е, па очигледно треба да го следиме, но немаше да го правам ова ако тој не беше во ред“ – изјави Бубле за австралискиот весник Herald Sun.

Лекувањето на Ноа заврши во март минатата година, а на почетокот од оваа година парот потврди дека го очекува третото дете. Малата Вида се роди на средината на август оваа година.

 

Најнови вести