Дека ниту британското кралство семејство не е имуно на повремени грешки на социјалните мрежи е доказ денешниот „твит“ на кралицата Елизабета Втора.
На официјалниот профил на Твитер на Кралицата Елизабета и членовите на нејзиното кралско семјество, денеска се појави необична објава. Постот беше активен само шест минути пред да биде избришан. Сепак, привлече големо внимание пред да исчезне.
„Благодарам“, пишуваше во објавата на кралицата Елизабета Втора на Твитер.
И покрај тоа што некој брзо ја сфатил грешката и го избришал твитот, кратката, но необичната порака доби 1,260 лајкови и беше споделена 591 пати.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи го разбраа овој твит како некое кралско признание, дури и ако тоа беше случајно.
„Па, беше крајно време и јас да добијам некакво признание“, беше еден од коментарите.
Шегите продолжија на сметка на постот на кралското семејство.
„Добредојдени сте, Лиз и јас ја задржавме сметката во случај да сакате да ја смените“, е исто така еден од коментарите на случаен твит.
An accidental tweet from @RoyalFamily was up for 6 mins, during which it received 1,260 Likes & 591 retweets. pic.twitter.com/AOtyPoBaUn
— Gert’s Royals (@Gertsroyals) December 10, 2020