среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Покрената петиција за забрана на сопственикот на „Amazon“ да се врати на земјата

Покрената петиција за забрана на сопственикот на „Amazon“ да се врати на земјата

Милијардерот Џеф Безос следниот месец ќе го исполни детскиот сон, тој ќе патува во вселената. И судејќи според петицијата, која има илјадници потписи, некои сакаат тој да остане таму.

На интернет-платформата „Change.org“ се појави интересна петиција – „Не дозволувај Безос да се врати на Земјата“, а за неколку дена се собра скоро 7.000 потписи.

– Милионерите не треба да постојат. На Земјата или во вселената. Но, ако одлучат да одат во вселената, тие треба да останат таму – се вели во описот на петицијата.

Основачот на американската технолошка компанија „Amazon“ ќе замине во вселената со вселенското летало „New Shepard“, кое воедно е и првиот лет организиран од вселенската компанија „Blue Origin“, чиј сопственик е Безос.

Краток вселенски лет именуван по Алан Шепард, второто лице и првиот американски граѓанин што летал во вселената, е планиран за 20 јули, годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.

Слободно место покрај Безос за ова патување беше продадено за 28 милиони долари на аукција што траеше само десет минути.

Победникот, чие име ќе биде објавено за само неколку недели, победи на натпреварот со дваесетина учесници на онлајн аукцијата.

Почетната цена за седиштето до основачот на „Amazon“, неговиот брат Марк и четвртиот патник беше 4,8 милиони долари.

Најнови вести