сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Полирал ковчези, бил чувар на плажа, а како бебе спиел во фиока наместо во лулка- ова е легендарната биографија на Шон Конери

Полирал ковчези, бил чувар на плажа, а како бебе спиел во фиока наместо во лулка- ова е легендарната биографија на Шон Конери

Во 91-та година од животот почина познатиот актер Шон Конери.

Роден е во 1930 година како Томас Шон Конери, прво го одбрал името Шејн за свое сценско име, а подоцна „го вратил“ во Шон.

Кога се родил, неговите родители – мајка му перела алишта, а татко му возел камиони, биле толку сиромашни што наместо да го ставаат во лулка, го ставале да спие во фиока. Како дете, тој одел на риболов во каналот користејќи ги старите најлони на мајка си, но подоцна во едно интервју изјавил дека никогаш не дозволил „смирениот почеток да го задржи во животот“.

Тој ја именувал својата производствена компанија по родниот град Фонтајнбриџ во Шкотска.

На 13-годишна возраст, се откажал од училиштето и работел разни работи – дистрибуирал весници, млеко и млечни производи и му бил чирак на локалниот месар.

Конери служел во Кралската морнарица три години, кон крајот на 40-тите години, а потоа направил две тетоважи. На едната пишува „Шкотска засекогаш“, а на другата „Мама и тато“. Ја напуштил морнарицата поради болни чирови на желудникот.

После тоа, полирал ковчези, испорачувал јаглен, работел во печатница, позирал за сликање и бил дури и чувар на плажа.

По напуштањето на училиштето, основал добротворен фонд за да обезбеди стипендии за сиромашните шкотски деца.

Шон ги донирал сите хонорари од филмот „Робин Худ: Принц на крадците“ на таа хуманитарна организација, а подоцна истото го сторил и со платата од филмот „Дијамантите се вечни“.

Во 1953 година, Шон влезе во конкуренција за г-дин Универзум, и заврши како „втор вицешампион“ во конкуренцијата за високи мажи.

Една од неговите први улоги беше во филмот „Уште едно време, друго место“, каде што глумеше заедно со фамозната Лана Тарнер. Нејзиното љубоморно момче Џони направило сцена и му се заканило со пиштол на Шон, затоа што мислел дека има нешто помеѓу него и Лана. Шон морал да се крие после тоа, затоа што еден од пријателите на Џони го информирал дека Џони наредил за да го убијат!

Конери скоро го загубил животот на сетот на филмот „Од Русија со љубов“, затоа што хеликоптерот на сетот летал веднаш над него и скоро го обезглавил, буквално!

Бил повреден на снимањето на „Никогаш не кажувај никогаш“, бидејќи Стивен Сигал случајно му го скршил зглобот додека му покажувал боречки вештини.

Актерот ја постигна својата најголема слава како тајниот агент Џејмс Бонд, а таа улога ја добил, како што пишуваа странските медиуми, не толку поради неговите актерски способности, туку поради фактот дека неговата „секси, пантерска прошетка“ ги воодушевила продуцентите.

На авторот на приказната за Бонд, Иан Флеминг, не му се допаднал Конери, бидејќи сметал дека изгледа „сурово“, но подоцна се предомислил.

Целиот текст и неговата биографија прочитајте ја на Слободен Печат или ТУКА.

Најнови вести