недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Половина жена, половина оган“: Девојката на Бака Прасе го „сруши“ Интернетот со најновите фотографии од Египет

„Половина жена, половина оган“: Девојката на Бака Прасе го „сруши“ Интернетот со најновите фотографии од Египет

Српската инфлуенсерка Ања Благојевиќ, девојката на јутјуберот познат како Бака Прасе, се фотографираше во провокативно издание во Египет.

Имено, Ања објави серија фотографии во кои позира како Клеопатра, во бел кроп-топ и здолниште во истата боја, со златни детали и нежна шминка.

„Половина жена, половина оган“, напиша Ања покрај фотографиите на кои собра повеќе од 110.000 допаѓања за само неколку часа.

Не изостануваат ниту коментари под објавата за нејзиниот изглед.

„Не сум Бака, но сепак те сакам“, „Половина оган, половина Клеопатра“, „Биди Клеопатра те молам“, се само дел од коментарите.

Инаку, Ања е една од најпознатите инфлуенсерки во Србија, која на Инстаграм има повеќе од 800.000 следбеници и многу соработки со познати брендови. Нејзината врска со јутјуберот Бака Прасе постојано го привлекува вниманието на српските медиуми.

Најнови вести