Холивудската ѕвезда Меган Фокс глуми во новиот музички спот за Machine Gun Kelly, раперот поради кого наводно го напуштила сопругот по 10 години брак.
Актерката, најпозната по улогата како Микаела Банс во Трансформер, се појави во спотот за песната Крвав Валентин, кој беше објавен на ЈуТјуб пред два дена, и веќе собра повеќе од 6,3 милиони прегледи.
На почетокот на видеото, парот е во кревет заедно, но потоа следува пресврт затоа што гледаме дека раперот е врзан со розова лента. Потоа, се гледа Фокс како танцува во гаќички околу голема самовила, имитирајќи ги зборовите на песната.
Видеото излезе по веста дека актерката се развела од сопругот Брајан Остин Грин, актер со кого е во брак 10 години.
View this post on Instagram