Саманта Маркл, полусестрата на Меган Маркл, испратила барање до судот да повикаат одредени луѓе да сведочат во врска со нејзината тужба за клевета против војвотката од Сасекс. На списокот наводно имало 19 имиња, меѓу кои и Опра Винфри, принцот Хари, авторите на биографиите на војвотката од Сасекс и мајката на Меган, Дорија Рагланд.
Она што е сигурно е дека таткото Томас Маркл и Томас Маркл Јуниор, братот на Саманта, ќе дадат изјави во нејзина корист.
Да потсетиме дека Саманта поднела тужба за клевета против нејзината полусестра кон средината во 2021 година бидејќи, како што таа тврди, има лаги кажани за време на интервјуто што Хари и Меган го имаа со Опра Винфри.
Таа, исто така, чувствува дека е оцрнета во биографијата на Хари и Меган. Како што е познато, во книгата фокусирана на нивното заминување од кралското семејство, некои детали дојдоа од самата Меган. Таа ги пласираше преку секретарот за комуникации во тоа време, како што тој самиот сведочеше во друг случај.
Саманта тврдеше дека лажните тврдења и злонамерните лаги околу приказната на Меган за кралското семејство предизвикале нејзино „понижување, срам и омраза против неа во светот“.
Таа бара 100.000 долари како отштета. Меган за време на интервјуто со Опра изјави дека „пораснала како единица“ иако има полусестра и полубрат.
-Таа перцепција сама по себе е неутешна. Тешко е да се замисли повеќе лично, субјективно чувство од тоа како некој гледа на сопственото детство. Изјавата на Меган дека „пораснала како единица“ очигледно не била изјава за објективниот факт дека нема генетски браќа и сестри или полубраќа и сестри, тврди правниот тим на Меган.