Денеска се навршуваат 40 дена од смртта на српскиот пејач со македонско потекло Џеј Рамадановски.
На гробот на пејачот денеска се собраа најблиските негови роднини, пријатели и соработници.
Меѓу нив беа и двете ќерки Ана и Марија, неговата сопруга, но и зетот на Џеј, пејачот Адил Максутовиќ.
Двајцата беа во центарот на вниманието со години бидејќи се шпекулираше дека не збореа откако Адил ја претепа сопругата која му е ќерка на Џеј.
По очекувањето да се појави на погребот, сега Адил дојде и на неговиот помен.