петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Пополнувањето на дупките е добро за душата“ – Род Стјуарт се фати за лопата

„Пополнувањето на дупките е добро за душата“ – Род Стјуарт се фати за лопата

Британскиот рокер Род Стјуарт зеде лопата в раце и со соседите се зафати со поправка на пат во неговото гратче близу Лондон.

-Овој пат е блиску фо местото каде живеам во Харлоу и вака е со години. Пред некој ден на брзата помош и пукна гума. Моето „Ферари“ никако не може да помине тука… Па, момците и јас решивме сами да го поправиме (споредниот автопат, з.п.). Значи, ние ги пополнуваме дупките, додека милиони и милиони фунти се трошат на автопатот М11, се пожали Стјуарт во видеото објавено на Инстаграм и Фејсбук.

„Пополнувањето на дупките е добро за душата“, вели 77-годишната рок-ѕвезда во описот на видеоснимката.

„Браво, Род!“, „Само немој да се повредиш, оти купив билети за твојот концерт“, „Те сакаме легендо!“ – се само дел од коментарите на обожавателите.

Најнови вести