недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Популарниот актер Андрија Милошевиќ се ожени

Популарниот актер Андрија Милошевиќ се ожени

Иако е познато дека популарниот актер Андрија Милошевиќ со години ужива во љубовта со својата избраничка Александра Томиќ, малкумина знаат дека популарниот пар и официјално е во брак.

Андрија и неговата партнерка Александра пред повеќе од една година добија наследник на кој му го дадоа името Реља.

Актерскиот пар се венчал пред породувањето, далеку од очите на јавноста.

-Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, 25 дена пред да се роди Реља. Се беше многу интимно, со нас беа само кумовите и неколку пријатели, изјави Александра за „Блиц“.

Популарната актерка откри како се справуваат во улогата на родители со сопругот Андрија.

-Имавме среќа да имаме мирно дете. Не плаче, спиеме, иако секогаш ми недостига сон, но засега се е супер. Андрија е исклучително активен од првиот ден, изјави Александра за споменатиот портал.

Најнови вести