вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Популарниот актер откри дека се бори со лошата болест: Мислам дека знам зошто се разболев!

Популарниот актер откри дека се бори со лошата болест: Мислам дека знам зошто се разболев!

Долф Лундгрен, ѕвездата на акциските филмови на 80-тите години, откри дека претходните осум години се бори со канцер на белите дробови. Актерот ова го обелоденил во емисијата „In Depth with Graham Besinger“, велејќи дека канцерот му бил дијагностициран во 2015 година. Тој полемизирал за тоа дали можеби до оваа дијагноза го довело тоа што во минатото интензивно употребувал стероиди додека се занимавал со бодибилдинг.

Популарниот 65-годишен актер истакнал дека болеста влегла во ремисија, но сепак се вратила во 2020 година. Тогаш еден доктор му кажал дека му останале уште две или три години живот, но тој побарал друго мислење. Препорачан му бил третман којшто резултирал со намалување на туморот.

„Ова е еден ден по мојата операција, ми извадија еден тумор, потоа пронајдоа уште два и ги извадија и на крај уште три мали. Се надеваме дека е исчистен, доколку умре, умре“, изјавил актерот на видеото од болница кое е прикажано во емисијата, алудирајќи на својата незаборавна реплика од филмот „Роки 4“. Актерот проговорил и за тоа дека во 2020 година повторно му бил откриен канцерот.

„Се вратив во Шведска и имав некој вид, не знам за што станува збор, па направив магнетна резонанца. Открија дека имам уште неколку тумори околу тоа подрачје. Најдоа уште еден тумор во црниот дроб, баш беше лошо. Во тој момент почнав да сфаќам дека нешто сериозно се случува.

Хирургот ме повика и ми рече дека туморот пораснал, дека е преголем, дека големината е нешто помала од лимон. Ми рече дека ми останале уште две до три години живот, но по гласот почувствував дека мисли на помалку од тоа. Мислев дека тоа е сигурно така“, раскажал актерот. Лундгрен изјавил дека смета дека употребата на стероиди имала влијание на неговото тело:

„Пробав стероиди уште во 80-тите и 90-тите години. Не знам дали тоа има врска со канцерот, но секако дека тоа ме погоди затоа што би можело да има врска со тоа. Размислував, секогаш мислиш дека си погрешил. Мислам дека можеби постои некаква врска меѓу терапијата со тестостерон и канцерот. Кога бев помлад, консумирав стероиди и тоа можеби во период од десет години“.

Познатиот Швеѓанец после првобитните црни прогнози побарал друго мислење за својата дијагноза, а една лекарка го советувала да го промени начинот на лекување и за три месеци неговите тумори се намалиле за 20 до 30 отсто. „Само ценете го тоа што сте доволно среќни и што сте живи и ценете го секој момент којшто постои“, заклучил актерот.

Најнови вести