Одамна е познато дека Енрике Иглесијас и неговиот татко Хулио Иглесијас не се во добри односи. Се знае и дека Енрике се откажал и од семејното наследство кое се проценува на 800 милиони долари.
Познатиот пејач е еден од осумте наследници на неговиот татко, па би наследил околу 100 милиони, но Енрике никогаш не сакал да слушне за неговите пари.
Младиот Иглесијас пораснал со свите браќа и сестри, додека неговата мајка се грижела сама за нив, бидејќи Хулио поминувал голем дел од своето време на турнеи. Тој никогаш немал време да се грижи за своите деца кои биле поблиски со нивните дадилки отколку со него.
Уште како дете, Енрике покажал интерес за музика, пишувал свои текстови, а на 15-годишна возраст сакал да го издаде својот прв албум. Сепак, неговиот татко не се согласил со неговата желба да се занимава со музика.
И покрај тоа, познатиот пејач го пронајде патот до успехот, а неговиот прв албум стана многу популарен, продаден во дури половина милион примероци за рекордно време.
Кога Хулио видел колкав успех доживеал Енрике, се зачудил. За Енрике отсуството на поддршка од татко му било мотив да ги сруши сите рекорди на публиката и да стане голема ѕвезда која има големо богатство. Во меѓувреме, нивниот однос се влошувал.
-Нивната врска никогаш не била најдобра, не се слушнале со години, ниту по телефон. Енрике чувствува дека кариерата ја создал без помош на татко му, рекол извор близок на пејачот.
Интересно е и тоа што Хулио живеел многу опуштен живот, ја изневерувал сопругата и менувал љубовници, се верува дека спиел со повеќе од 3000 жени. Од друга страна, Енрике води сосема мирен начин на живот, уживајќи во бракот со тенисерката Ана Курникова, со која има три деца.