Еден од најследените светски парови Дејвид Гета и Џесика Ледон ја раскинаа врската после седум години љубов.
Популарниот диџеј и актерка ја прекинале романсата поради тоа што не се компатибилни еден со друг, изјавил извор за „Дејли Мејл“ и напоменал дека раскинувањето го иницирало фактот што Дејвид Гета во текот на летото уживал на Ибица, а Џесика Ледон во Америка.
Поранешниот пар започнал да се забавува во 2015 година, а тој минатата година ѝ подарил прстен со ветување наместо веренички прстен затоа што „повеќе не верува во брак“.
„Имаат долго заедничко минато. Мислеа дека се создадени еден за друг, но не им успеа“, изјавил изворот.
Џесика и Гета не се појавувале заедно во јавноста по доделувањето на Греми наградите во април. Актерката во август годинава објавувала фотографии од ноќните забави со пријателите, што можело да претскаже раскинување. Таа тогаш напишала: „Влегуваме во нова ера, без пардон и многу уверување“.
Нивната врска ја следеа и коментари дека познатиот музичар поради помладата партнерка се разведе од поранешната сопруга Кејти со која беше во брак 22 години, од 1992 до 2014 година и со која има ќерка Енди и син Елвис.
Повеќе од забележителна била неговата визуелна трансформација затоа што во шестата деценија од животот ја довел до совршенство.