Поминаа две години откако Романа беше уапсена во Австралија, а по скандалот по кој со месеци бруеше целата јавност, таа не се експонираше претерано. Нејзината приватност доби многу поголем интерес, а момчето на Романа Паниќ, со кого, како што се пишуваше, била приведена за проневера на пари, бил вистинска енигма, а сите сакале да знаат кој е човекот кој го освоил срцето на пејачката.
Момчето на Романа Паниќ, Филип Мркањиќ е тема за која не престанува да се пишува, а иако пејачката не сакаше да крие колку е заљубена, немавме можност да ја видиме двојката во јавност, додека ги нема ниту заеднички фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
Сега пејачката конечно се фотографираше со своето момче, а фотографијата е направена пред ноќен клуб во Бања Лука. Како што пишуваат медиумите, таа во родниот град пристигнала бидејќи имала настап на приватна прослава, по што решила да излезе со своето момче и пријателите, што припадниците на седмата сила го искористиле и го овековечиле.
Пејачката никогаш не сакала да ги открие деталите од нејзиниот емотивен живот, а добро информиран извор еднаш откри:
-Романа повеќе од две години живее во Италија, а повремено ги посетува Србија и Бања Лука, кога ги посетува семејството и пријателите. Среќата ја нашла во љубовта со бизнисмен од Италија кој го запознала преку пријател на вечера. По низата разменети пораки и заедничко излегување влегоа во љубовна врска, а Романа конечно е среќна и задоволна. По неколку месеци врска, на негов предлог, таа се преселила во Фиренца и се препуштила на шармот на заедничкиот живот, рекол извор близок на пејачката и додал дека таа и нејзиниот вереник биле уапсени додека биле во Австралија како туристи.
View this post on Instagram