четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОРАДИ ОВАА ФОТОГРАФИЈА ХАРИ И МЕГАН ГО НАПУШТИЈА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само два дена откако била објавена решиле да се спакуваат и заминат!

ПОРАДИ ОВАА ФОТОГРАФИЈА ХАРИ И МЕГАН ГО НАПУШТИЈА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само два дена откако била објавена решиле да се спакуваат и заминат!

Само два дена откако Бакингемската палата објави специјален портрет, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека повеќе нема да бидат членови на семејството“ и почнаа да планираат преселба во Америка.

Иако со месеци се шпекулира дека принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, не се во одлични односи со британското кралско семејство, сите беа изненадени кога решија да и го свртат грбот.

На почетокот на 2020 година објавија дека повеќе нема да извршуваат функции како високи членови на семејството, односно нема да извршуваат кралски должности како досега, а нивното повлекување во медиумите популарно беше наречено Мегзит.

Тие потоа се преселија во Америка, но сè уште ги користат титулите што им ги додели покојната кралица Елизабета на нивната венчавка во 2018 година.

Во интервјуата и бројните признанија кои потоа ги дадоа Хари и Меган, тие нашироко зборуваа за тоа од што се незадоволни во Англија.

Меѓутоа, според еден кралски биограф, последната капка што ги убедила дека напуштањето на кралското семејство е правилна одлука била фотографијата.

Ендрју Мортон, авторот на познатата книга „Дијана: Нејзината вистинска приказна, со свои зборови“, ја објави и неовластената биографија „Меган: холивудска принцеза“ кажува дека сè ескалира кога, во првите денови од 2020 година, Бакингемската палата објави посебен портрет – на кралицата Елизабета и нејзините наследници.

До кралицата е нејзиниот престолонаследник Чарлс, потоа неговиот постар син принцот Вилијам и најстарото дете на Вилијам, принцот Џорџ, односно првиот, вториот и третиот во редот за тронот во тој момент.

– Парот се посомневаше дека целата институција заговарала против нив. Како што видоа, доказите беа насекаде наоколу. Тие го разбраа неизговореното – дека иднината на монархијата е обезбедена, со или без Меган и Хари – напиша Ендрју Мортон во својата книга.

Само два дена по објавувањето на овој кралски портрет, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека се повлекуваат од своите улоги и сакаат да бидат финансиски независни. Тие додадоа и дека ќе живеат меѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, како и дека ќе продолжат да ја поддржуваат кралицата.

Парот потоа се преселил во Монтесито со синот Арчи и ја добиле ќерката Лилибет, а додека Хари се враќа во Англија само во најважните прилики, неговата сопруга уште поретко ја посетувала.

Најнови вести