Трагедијата која го снајде семејството на пејачот Енис Беговиќ никого не остави рамнодушен.
Неговиот син почина минатата недела во клиничкиот центар во Сараево, а целата естрада остана затечена од оваа страшна вест.
На неговиот погреб беа присутни многу познати пејачи кои му се колеги на Беговиќ, а сега босанските медиуми објавуваат уште поемотивни вести во врска со оваа трагедија.
Имено неговата сопруга која треба да се породи во секој моемтн одлучила својот син да го крсти по прерано починатиот сопруг Армин.
Неговата најголема желба да стане татко не му се оствари само неколку дена пред да се роди неговиот син, па затоа неговата сопруга одлучила да го крсти своето дете по татко му кој никогаш нема да го запознае.
-Кога слушнавме дека Алмина одлучила синот да го крсти Армин, бевме во истиот момент и среќни и тажни. Сигурен сум дека Армин ќе биде најдобар дедо на светот, вели извор близок до семејството.