Фудбалерот на Тотенхем Деле Али оваа сезона има големи проблеми со повредите кои го одвоија од теренот, но во меѓувреме остана и без девојката Руби Меј.
Англиските медиуми на големо пишуваат дека англискиот репрезентативец сам одлучил да ја прекине врската со бринетата, а сето тоа поради атрактивната старлета Меган Бартон- Хансон.
Медиумите пишуваат и дека тие се запознале пред неколку месеци и дека тајно се гледаат.
-Му се допадна на прв поглед и одма отиде до неа. Веднаш му падна во очи и го побара телефонот и ја повика на вечера. Меган била возбудена. Помеѓу него и Руби се е готово, вели извор близок до фудбалерот за „Сан“.
View this post on Instagram
Деле и рекол на руби дека повеќе не иде меѓу нив една година откако тие беа во центарот на вниманието по нивниот секс скандал и домашно порно видео.