Кристијан Станковски кого јавноста го познава како „дечкото со пораките на картон“ или Bombakis, вчера на публиката на социјалните мрежи ѝ се обрати со емотивна порака на која веруваме дека никој не може да остане рамнодушен, па затоа и вирално беше споделувана. Малкумина знаат за големата животна битка што тој ја извојувал пред една година, односно успеал да се избори со канцер и лекцијата од таквото животно искуство ја срочи во неколку реченици кои даваат голема надеж, па и во моменти кога ни е најтешко.