Откако пред седум месеци се породи и стана мајка по вторпат, пејачката Ана Севиќ повторно е бремена.
Имено, таа и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ го очекуваат нивното второ дете. Тие пред седум месеци добија ќерка за која го одбраа името Сена.
View this post on Instagram
Ана сега очекува принова и треба да се породи кон крајот на март, а убавите вести ги споделила само со семејството, пишува „Мондо“.
„Ана и Даниел после ќерката Сена чекаат момче. Ова вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба да добијат момче. Не се старомодни, туку станува збор за емотивна природа“, вели изворот и додава:
View this post on Instagram
„Даниел изгуби брат и веста дека во семејството доаѓа момче ги направи среќни, почнувајќи од неговиот татко, па се до баба му и дедо му. Едвај чекаат и помагаат на Ана околи Сена, а посебно сега повторно е бремена“.
За потсетување, за Ана Севиќ ова ќе биде трето дете. Од бракот со Дарко Лазиќ ја доби ќерката Лорена, а пред неполна година со Даниел ја доби ќерката Сена.
View this post on Instagram
Инаку, Ана и Даниел неодамна склопија брак во кругот на семејството и блиските пријатели.